SQL server user group

  english регистрација контакт 

За нас

DEV новости

SQL Новости

Форум

Членови

Статут

Линкови

Share


Spring The Experts – second edition

Задоволство ни е да објавиме дека еден од легендите на MS SQL Server и автор на бестселерите посветени на MS SQL Server во делот T-SQL како и Database Engine-от, Itzik Ben-Gan, ќе одржи дводневен семинар во Скопје. Во периодот од 24-25.5.2010 во рамки на овогодинешниот Spring the Experts настан кој традиционално се организира секоја година од страна на Семос, IT експертите од Македонија и регионот ќе имаат единствена можност да се сретнат со Itzik Ben-Gan и да разменат искуства и знаење.

На 19.04.2007 се одржа состанок на здружението PASS под покровителство на Microsoft Македонија, а на кое присуствуваа IT експерти од фирмите Семос, Кибс, Народна Банка, Пексим, МВР, Комерцијална Банка и Дигит. На состанокот беше констатирано дека SQL/DEV Web форумот во моментот како технички форум е најразвиен во Македонија, а посебно се истакнува базата на знаење на SQL Server теми со извонредно богатата колекција на одговорени многу често комплексни прашања.
Договорени се идни активности на PASS и тоа во облик на посета на PASS самитот во Барселона, периодични работни средби, презентации, како и проширување на темите на SQL / DEV форумот.
Maкедонија го доби својот прв MVP (Most Valuable Professional). Александар Талев, вработен во Семос Компјутери, го доби ова признание од Microsoft како потврда за долгогодишната работа и посветеност на Microsoft технологиите. Microsoft Most Valuable Professional (MVP) програмата им оддава признание и благодарност на истакнатите членови на техничките заедници за нивната посветеност и желба да им помогнат на другите, како и за непроценливата online и offline експертизата кои тие ја пружаат.
MVP личностите се технички експерти од ширум светот, кои ги инспирираат другите да учат и се развиваат преку активно учество во техничката заедница. Тоа што сите личности со титулата MVP го имаат заедничко е нивната страст према технологијата и желбата неа да ја поделат со други. Тие тоа го прават преку книги и статии кои тие ги објавуваат, web страниците со кои управуваат, корисничките групи во кои тие учествуваат, презентациите и тренинг сесиите кои ги одржуваат, како и прашањата кои тие ги одговараат во техничките news групи и message бордови.
Microsoft-овите MVP личности се група на индивидуалци на кои Microsoft со задоволство им оддава признание и награда MVP, како нивен начин на благодарност за демонстрираната посветеност во техничките заедници ширум светот.
Macedonian SQL Server Professional Association (PASS) е волонтерско здружение на корисниците на системот за управување со релационата база на податоци – Microsoft SQL Server како и на програмери кои ги користат развојните алатки  или јазици на Microsoft. Во здружението влегуваат администратори, програмери, тренери и сите други кои се заинтересирани за стручни дискусии и размена на искуства.
Сите придонеси во работата на здружението се волонтерски и бесплатни, а после презентирањето стануваат јавна сопственост. Областите кои се обработуваат во MK SQL PASS групата се сите теми кои се однесуваат на Microsoft SQL Server и развој на апликации на MS платформи.


Главните теми се:

  • Систем за управување со релациони бази на податоци - SQL Server
  • Мултидимензионални структури – Analysis Services, Data Mining
  • Трансфер и трансформација на податоци – SSIS, DTS
  • Пристап на податоци преку апликации - ADO (MD) ADO.NET, OLE DB, LINQ
  • Администрација на SQL Server преку апликации – SMO, DMO, DSO
  • Клиенти - Office 2000, XP, 2003(само како BackOffice клиент )
  • .NET како технологија и стандард
  • .NET развојните алатки како на пр. Visual Studio .NET, CodeGear RAD Studio
  • .NET програмски јазици и технологии како - VB.Net, C#, ASP.NET, WinForms, WCF, WPF, VCL.Net
  • Internet Information Server (IIS)
  • Windows, Web или Service решенија
  • Вести, презентации и извештаи од случувањата на Microsoft
  • ...


               





start SQL User Group

SQL Server Central

Professional Association for SQL Server


Grab this badge here!

designed by

supported by Microsoft SQL Server